Во Естонија ученик ја уби својата наставничка

Од:

Еден ученик денеска во училиште во јужна Естонија на часот по германски јазик пукал со огнено оружје кон неговата наставничка и ја убил, соопшти естонската полиција.

– Се претпоставува дека напаѓачот е 15-годишно момче, изјави портпаролот на полијата Тули Харсон.

Момчето се наоѓа во притвор, а во инцидентот, кој се случил во градот Виљанди, околу 160 километри јужно од главниот град Талин, нема повредени лица, јавуват естонските медиуми.

– Убиството се случило за време на час, кога во училницата се наоѓале четири или пет ученици, додаде Харсон.

Би можело да ве интересира

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Русија распиша потерница за естонската премиерка

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Естонија ја обвини Русија дека го поттикнува приливот на мигранти

Горан Наумовски

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија

А1он