Во Унгарија уапсени шест демонстранти

Од:

Унгарската полиција приведе шест демонстранти поради упад во седиштето на партијата Фидес и вандализмот по вчерашните антивладини демонстрации.

Четворица мажи од Будимпешта и двајца од други градови уапсени се поради вандализмот во седиштето на владејачката партија Фидес по масовните демонстрации против новите владини планови за воведување на данок на интернет.

Демонстрантите со маски на лицата фрлаа разни предмети и ги искршија прозорците, а потоа се качија на терасата на зградата.

Против уапсените покрената е постапка поради нарушување на јавниот ред и мир, соопшти полицијата.

Повеќе од 10.000 лица вчера протестираа во Будимпешта поради планираниот данок на бројот на информации што корисниците ги преземаат од интернет. Демонстрантите тврдеа дека тоа е ќе ги ограничи основните права и слободи.

Извикувајќи „Слободна Унгарија, слободен интернет“ демонстрантите пред штабот на Фидес на премиерот Виктор Орбан, оставаа користени тастаури.

Според предлогот кој во вторникот беше поднесен до Парламентот, данок ќе се плаќа за секој гигабајт пренесени податоци со цена од 150 форинти (49 центи), при што за физичките лица месечно може да достигне до 700 форинти (2,28 евра), а во случај на правни лица 5.000 форинти (16,32 евра). Данокот ќе го плаќа тие што ја нудат услугата.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта