„Њујорк тајмс“: Лауреатите на Нобел за мир го повикаа Обама да обелодени информации за методи за сослушување на ЦИА

Од:

Лауреати на Нобеловата награда за мир го повикаа претседателот на САД Барак Обама да објави информации за методите, користени од ЦИА при сослушување на осомничени за тероризам, објави весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на копија од писмото упатено до претседателот.

Нобеловите Лауреати повикуваат што е можно поскоро објавување на извештај за тоа прашање, изработен од сенатската комисија за разузнавање.

Програмата за задржување и сослушување на лица, осомничени за тероризам е користена во периодот на управување на Џорџ Буш како дел од антитерористичката кампања.

Меѓу потписниците на писмото се архиепископот Дезмонд Туту, поранешниот претседател на Источен Тимор Жозе Рамуш-Орта и египетскиот дипломат и поранешен раководител на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Мохамед ел Барадеи.

Барак Обама доби Нобелова награда за мир во 2009 година.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија