Камерунската војска убила 39 припадници на Боко Харам

Од:

Камерунската војска убила 39 припадници на нигериската исламистичка организација Боко Харам, која извршила три напади на територија на далечниот север од Камерун, а во судирите настрадале и четворица цивили, соопшти денеска камерунското Министерство за одбрана.

Цел на нивниот најнов напад било селото Глави, каде убиле четворица нигериски бегалци и раниле еден Камерунец, пред да бидат потиснати од камерунската војска, која одела по нив се до границата, наведе министерството, додавајќи дека војската притоа убила 12 екстремисти.

Други две групи припадници на Боко Харам влегле во Камерун речиси во истото време, но вооружените камерунски сили веднаш ги пресретнале и неутрализирале. Војската притоа уништила три возила опремени со тешки митралези и убила 27 напаѓачи, се додава во соопштението на министерството.

Не се наведува, меѓутоа, дали и камерунска војска има загуби во судирите.

Бунтовниците од Боко Харам, кои изведуваат напади во северна Нигерија и во април грабнаа повеќе од 200 средношколки, често пати ја минуваат границата со соседен Камерун.

Граница меѓу Камерун и Нигерија е долга повеќе од 2.000 километри.

Боко Харам во 2009 година во Нигерија почна крвав бунт во кој сосега погинаа 10.000 лица.

Би можело да ве интересира

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ

Шест лица загинаа во напад во Камерун

А1он

Во Камерун за една недела од колера починале 29 лица

На аеродромот во Тирана запленети над милион фалсификувани евра, уапсен Камерунец

А1он

За два месеца во Камерун од колера починале 32 лица

А1он

(ВИДЕО) Трагедија на Африканскиот куп на нации: Седум загинати во стампедо пред натпреварот, меѓу повредените деца

Ана Ололовска