Во осум земји веќе има 10.141 заразени со вирусот на ебола, а 4.922 лица веќе починале, пред два дена покажуваа податоците на Светскаата здравствена организација (СЗО), јави ТАСС.
Најтешко се засегнати западноафриканските земји Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, каде жртви на овој смртоносен вирус веќе се 4.912 лица.
Надвор од осумте области во Либерија и Гвинеја, што имаат заеднички граници со Брегот на Слоновата коска,само во две се инорфмира за потврдени или сомнителни случаи на ебола.
Податоците ги вклучуваат и случаите во Нигерија и Сенегал, каде, според СЗО, епидемијата веќе заврши, како и изолираните случаи во Шпанија, САД и еден случај во Мали.