Американскиот воен аналитичар, Џастин Бронк во својот текст за „CNN“ го спореди начинот на војување на борците на ИСИС, со германската воена доктрина од почетокот на Втората светска војна „Блицкриг“ и на тој начин се обиде да даде одговор на прашањето како ИСИС стана закана за светот.
-Тие напаѓаат брзо, добро се координирани и организирани и се стремат кон слабите точки на непријателот. Во тек на нападите ги следи силен артилериски оган и затоа бргу напредуваат-наведе Бронк.
Тој истакна дека според него воздушните напади на САД и коалицијата, не даваат резултати бидејќи теористите на ИСИС веројатно на време ги утврдуваат.
Во поглед на вооружувањето Бронк смета дека џихадистите најмногу користат оружје од времето на СССР, меѓутоа она што претставува опасност е што тие имаат запленето средства за војување во тек на освојување на градовите во Ирак.
-Според некои извештаи ИСИС во тек на освојување на територии, заплени голем број оклопни возила, како и еден американски тенк М1А1 Абрамс- стои во текстот на аналитичарот.
Е. Г.