Кинеските медиуми апелираа до граѓаните на оваа земја да бидат внимателни, доколку одлучат на детето да му дадат англиско име, со цел да не изберат некое со неповолно значење.
Медиумите ги предупредуваат Кинезите на своите потомци да не им даваат имиња, кои би можеда да бидат навредливи или едноставно немаат никаква смисла.
Многу Кинези се одлучуваат на англиско име посебно ако имаат бизнис со други земји, особено оние од англиско говорно подрачје.
Меѓутоа, државните медиуми советуваат дека луѓето не би требало да избираат имиња на измислени ликови, со сексуална конотација или имиња по случаен избор како што се Змеј, Риба или Адвокат, кои подоцна на децата би можеле да им направат сеирозни проблеми.
Англиското име би требало да оддава впечаток или идеа за тоа каква личност сте и од каде доаѓате, така што би требало да се одбегнуваат имињата како што се Сатана или Дамблдор.
На жените им се советува дека треба да бидат внимателни и да избегнуваат имиња на храна како Лижалче и Шеќер, кои може да изгледаат како уметничко име на стриптизета.
На веб-сајтот се наоѓа и подолго објаснување во врска со имињата со сексуална конотација, особено кога се користат со Донг или Ванг, кои се користат и како сленг за машки гениталии.
Наместо тоа традиционалното име како што е Елизабета, Кетрин, Вилијам или Џорџ би можеле да се сметаат за добар избор.
– Изберете едно од овие имиња ако сакате „безбедно“ англиско име, бидејќи тие многу често се поврзуваат со богатство, се наведува во предупредувањето.