Џихадисти од ИСИС вчера се приближиле до ирачкиот град Кара Тапа благодарение на тоа што облекле униформи на курдските доброволци пешмерги, соопштија курдски безбедносни извори.
Благодарение на измамата џихадистите зазеле две курдски села и тргнале во офанзива на градот Кара Тапа, кој се наоѓа на 120 километри одалеченост од Багдад.
-Терористите биле облечени во униформи на пешмергите и таа тактика им помогнала без проблем да се уфрлат меѓу нашите, недалеку од Кара Тапе – вели еден анонимен бранител.
Од градот Канакин кој што е под контрола на Курдите, испратено е засилување за да се спречи пад на Кара Тапа и да се потиснат џихадистите, велат изворите.
Воени и медицински извори на оваа курдска милитантна групација велат дека во борбите загинале најмалку 15 лица, од кои седум борци и осум цивили.
Е. Г.