Претставници на американскиот Стејт департмент се состанаа прв пат директно со претставници на курдските партии од Сирија, ангажирани во борбата против ектремистичката групација „Исламска држава“ во таа земја, вклучувајќи ја и битката за опколениот град Кобане на границата со Турција.
Разговорите меѓу американски претставници и припадниците на курдската Партија за демократска унија се одржани минатиот викенд во Париз, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Претставниците на Курдите на средбата им ги дале на американските претставници координатите на позициите на екстремистите.
Турција има недоверба кон Партија за демократска унија, главна курдска политичка организација во Сирија поради нејзината поврзаност со Курдската работничка партија, која Анкара и Вашингтон ја сметаат за терористичка организација.