Олси Рама: Мислев дека дронот е српски

Од:

Во последниот текст поврзан со инцидентот кој што се случи на натпреварот помеѓу Србија и Албанија, „CNN“ објави мислења на албански официјални лица, кои тврдат дека во Белград не бил уапсен Олси Рама, братот на албанскиот премиер, ниту дека некој од нив знае како беспилотното летало со знамето на Голема Албанија се најде над белградскиот стадион.

-Изненаден сум што ме доведуваат во врска со организирање на акцијата со дронот. Во делегацијата имаше повеќе од 50 Албанци, за кои можам да потврдам дека немаа далечински управувач. Се обидов да разберам што ми зборуваат кога сакаа да ме изведат од ВИП ложата, а кога се појави знамето помисливме дека тоа го направил некој од српската страна- истакна Рама.

Портпаролот на албанскиот премиер Еди Рама, Ендри Фуга пак смета дека она што се случи во Белград е тажно.

– Лага е дека братот на премиерот бил под истрага, тоа е доказ дека постојат елементи кои создаваат нестабилност и сакаат регионов да го вратат во минатото-истакна Фуга и додаде дека Фудбалскиот сојуз на Албанија му обезбедил билет на Олси за натпреварот.

Инаку во текстот стои дека српскиот фудбалер Стефан Митровиќ со својот потег односно фаќање на знамето, предизвикал нестабилност, по што фудбалерите на Албанија го напуштиле теренот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ