Женската селекција до 17 години ги почнува квалификациите за елитната фаза

Од:

Со натпреварот против селекцијата на Данска денес во 13 часот и 30 минути на централниот терен во комплексот „Куќа на фудбалот“ женската селекција  на Македонија до 17 години го започнува квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза.

– Ние го организираме овој турнир и како домаќини имаме право да се надеваме дека може да стигнеме до позитивен резултат. Данска, нашиот прв противник во групата е апсолутен фаворит. Имавме можност да ги следиме натпреварите на Казакстан на развојниот турнир и според квалитетот и позицијата тие се во долниот дел од европскиот ранг. Ќе се обидеме да се надигруваме и со Турција и да си создадеме шанса за прогрес на македонскиот женски фудбал, изјави селекторот на репрезентацијата до 17 години, Кирил Изов.

Во нашата група се наоѓаат уште селекциите на Турција и Казакхстан.

Репрезентацијата на Исланд како домаќин на завршниот турнир има обезбедено директен пласман на завршниот турнир.

Трите првопласирани селекции според рејтингот Германија, Франција и Шпанија директено влегуваат во следната фаза од натреварите. Останатите 40 селекции се поделени во десет групи.

Најдобро пласираните две репрезентации од секоја група и трите најдобри третопласирани ќе обезбедат место во следната фаза.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург