Четири лица загинаа во Непал, а други 14 се спасени во последен момент, од невремето,проследено со силна виулица, што зафати регион во пределот на Хималаите.
Претставник на полицијата во непалскиот главен град ,Катманду изјави дека во несреќата загинале двајца Полјаци, еден Израелец и еден Непалец кој бил меѓу водачите на групата туристи.
Меѓу спасените туристи, петмина се од Полска, четворица од Израел,а другите петмина се Германци.
Метеоролозите веруваат дека неочекуваното лошо време, проследено со силни и обилни врнежи од снег и со виулица, е резултат на „периферниот ефект“ на циклонот „Худхад“ што погоди делови од Азија.
Од ударите на овој циклон најтешко настрадаа делови од Индија, каде се регистрирани поплави, разузрнувања и човечки жртви.
Дејствувањето на „Худхад“ чија сила се намалува и циклонот полека се повлекува, се совпадна со „шпицот“ на туристичката сезона во Непал, кога бројот на странски гости е најголем.