Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун го поздрави доделувањето на Нобеловата награда за мир на Пакистанката Малала Јусафзаи и на Индиецот Кајлаш Сатјарти и вети поддршка на нивната борба за правата на децата.
– Лауреатите добија заслужена награда, од која полза ќе имаат децата во целиот свет, изјави Бан.
Нарекувајќи ја Малала „ќерка на ОН“, Бан најави дека Светската организација ќе ја поддржи нејзината борба против екстремнизмот и за „заштита на правата на сите девојчиња за живот без насилство, за одење во уилиште и за стекнување образование“.
Седуманесетгодишната Јусафзаи е најмалдиот добитник на Нобеловата награда за мир досега. Таа уште од 11-годишна возраст преку нејзиниот блог започна со критки против обидите на талибанците за воведување на шеријатските закони во областите под нивна контрола. Поради тоа, таа беше нападната од група талибанци и застрелана во главата.
Малала го преживеа нападот и стана симбол на борбата против талибанците и за заштита на правата на девојчињата во конзервативните муслимански општества.