Дваесет и петгодишна Кхадија од Сирија во интервју за „CNN“ ја раскажа својата потресна приказна, за тоа како од учителка во локално училиште е вовлечена во мрачниот свет на ИСИС.
Од терористичката организација успеала да се извлече откако сведочела на голем број обезглавувања и други тортури.
Таа вели дека била голем противник на сирискиот претседател Башар Ал Асад и дека преку интернет запознала маж од Тунис, кој ја уверил дека единствена среќа за неа е да пристапи на организацијата на која тој и припаѓал.
Станала членка на женската бригада и низ улицита на Рака внимавала останатите жени да ги почитуваат строгите правила на ИСИС. Научила да деактивира бомби, да ракува со огнено оружје, а за сето тоа добивала по 200 долари месечно.
Меѓутоа како што вели започнала да се сомнева во својот избор, бидејќи сведочела на разни злосторства и сфатила дека мора да побегне.
Во моментот кога се обиделе да ја принудат да стапи во договорен брак, побегнала и моментално се крие во Турција.
-Јас не сум таква, образована сум и секогаш верував дека го разбирам светот околу себе. Не ми е јасно што се случи. Често размислувам за тоа како дојдов таму и никако не ми е јасно – раскажува Кхадија.
Е. Г.