Видео кое покажува татко и ќерка како заедно ја пеат песната „Let it go“ од анимираниот филм „Фрозен“, овие денови е новиот хит на интернет.
Видеото на Фејсбук го објави таткото од симпатичниот дует, 26-годишниот Крис Прајс од Лестер, а ѕвездата на изведбата секако е неговата четиригодишна ќерка Лили.
– Мислам дека ова попрво ќе и здоде на неа отколку мене, напиша Прајс под видеото на својот Фејсбук профил.
За само три дена видеото е прегледано 20 милиони пати, а популарноста расте од час во час.