„Анти-Фејсбук“ социјална мрежа привлекува се повеќе корисници

Од:

Новата социјална мрежа „Ело“ моментно добива по 31.000 барања на час и се поголем број луѓе сакаат да и се придружат на оваа платформа.

На почетокот била дизајнирана за да ја користат само 90 луѓе, пријатели на основачот Пол Бадник.

Сепак, овој сопственик на продавница за велосипеди од Вермонт во САД, одлучил да ја отвори и да им овозможи пристап на заинтересираните корисници.

Мрежата „Ело“, чие име е кратенка од поздравот „Хелоу“, веќе е прогласена за „анти-Фејсбук“ мрежа, поради своето ветување дека нема да воведува реклами и за разлика од компанијата на Марк Цукерберг, податоците на сите корисници ќе бидат целосно безбедни.

Сајтот има сосема минималистички дизајн и на прв поглед не делува многу привлечно, како конкурентските социјални мрежи. Веќе преживеа и „напад“ DDoS.

– Учиме во од и се трудиме да ги исправиме сите грешки. Имаме одлични експерти, истакна Бадник.

Основачот на „Ело“ изјави дека му одговараат епитетите за „анти-Фејсбук“ мрежа, но дека својата компанија не ја гледа на тој начин.

– Не го сметаме Фејсбук за конкуренција. Ние сме различна платфорна на социјална мрежа, нагласи Бадник.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески