Французин ќе се жени со неговата маќеа

Од:

Посинок и неговата маќеа наскоро ќе станат маж и жена, откако неколку месеци мина во судски спорови со цел да добијат одобрение за нивната венчавка.

Елизабет Лорен (48) и три години помладиот Ерик Олдер живеат во едно мало село на североисток на Франција, а венчавката ќе се оддржи следната сабота. Спорот настанал затоа што Елизабет предходно била во брак со таткото на Ерик, а француските закони не дозволуваат бракови меѓу маќеа и нејзините посиноци.

Тие барале дозвола во неколку судови, а минатата година добиле и писмо потпишано од претседателот Франсоа Оланд, во кое стои дека браковите како што е нивниот всушност се забранети.

Сепак, тие конечно добиле право да склучат брак од еден локален суд.

– Ова е голем ден. Се надевам дека нашата приказна ќе биде од полза на некои двојки кои се наоѓаат во слична состојба како нашата, затоа што знам дека постојат такви, изјави Лорен, додавајќи дека нејзиниот поранешен сопруг и татко на сегашен партнер, ќе присутвува на нивната свадбена церемонија.

– Тој секогаш не поддржуваше, истакна Лорен.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ