Рик Снајдер, 69-годишен жител од Флорида, одби да не работи ништо по заминувањето во пензија и наместо тоа се посвети на една од своите страсти: грижа за мачките што живеат во неговото соседство.
– Отсекогаш ги сакав животните и се грижев за мачките скитници со години. Забележав дека многу ситни пари лежат наоколу, па почнав да ги собирам и запишувам колку ги има, изјави Снајдер за „Брадентон Хералд“.
Откако почнал да го прави тоа пред десет години, Снајдер собрал 21.495 долари во монети што севкупно тежи е повеќе од еден тон. Секое утро се будел во четири часот, шетал низ градот, собирал ситни пари и ги хранел мачките. На ден минувал од 70 до 80 километри и собирал во просек по 5,60 долари дневно.
На почетокот си поставил цел да собере десет илјади долари. Кога ја надминал и втората цел на 20.000 долари, решил целата сума да ја донира на непрофитни организации кои ги водат волонтери и кои поголемиот дел од времето го поминуват грижејќи се за мачките во неговиот регион.
Претседателката на организацијата рече дека тоа е најголема донација на едно лице. – Сакам да им се заблагодарам на сите кои собираа ситни пари од улиците, рече таа.
– Еден од проблемите на пензионерите е тоа што стануваат премногу насочени сами на себе. Мојот совет е да се вклучат во нешто. Да направат нешто за некого друг, порачува Снајдер.