Американецот Волтер Ерл Морисон (20) обвинет е дека украл пакет со дијамант вреден 160.000 долари и потоа го дал на дилер за кесички марихуана, која чинела вредна 20 долари.
Сега веќе поранешниот раобтник на најголемата компанија за достава на пратки УПС (United parcel Service) на аеродромот во Финикс при истоварање на авионот го забележал пакетот за кој мислел дека е полн со пари и го сокрил под облеката.
Кога разбрал дека наместо пари украл дијамант, Морисон направи нешто што најверојатно никој друг не би го направил: го менувал за кесичка марихуана.
Не е јасно дали на Морисон очајнички му бил потребен џоинт или сакал да се ослободи од дијамантот, но полицијата лесно и брзо го уапсила.
Дијамантот набрзо е вратен на сопственикот.
Морисон е обвинет за кражба и добил отказ.