Драстичен пад на животинските видови во дивата природа

Од:

Популацијата на околу 3.000 животински видови во дивата природа е намалена за над 50 проценти во последните неколку децении, покажува ново истражување на организацијата за заштита на животната средина Светски фонд за дивата природа.

Истражувањето, објавено денеска, покажува дека популацијата на риби, птици, цицачи, водоземци и рептили се намалила за 52 отсто во периодот од 1970-2010, побрзо отколку предвидувањата.

Најтешка е состојбата кај слатководните видови – 76 проценти, додека кај морските и сувоземните видови падот е по 39 отсто.

Организацијата во голем степен го обвинува човечкото мешање во природата за драстичниот пад. Ловот, риболовот и влошувањето на природните живеалишта се посочени како главна закана за дивите животни во светот.

Други главни фактори за негативната тенденција се глобалното затоплување, загадувањето и болестите.

– Се уште има надеж, рече Кен Норис, научен директор на Лондонската зоолошка заедница. Според него, зачувувањето на природата налага насочени дејствија, политичка волја и поддршка од бизнисот.

Светскиот фонд за дивата природа го објавува извештајот „Живата планета“ на секои две години. Пред две години, истиот извештај пресмета 28 проценти намалување на популацијата на животинските видови.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он