Иран: Би-Би-Си се обиде да украде историски документи

Од:

Иранската државна телевизија вчера ја обвини британската медиумска куќа Би-Би-Си дека се обидела да украде „уметнички, историски и културни документи“ од архивот на Владата на Исламската Република.

– Непријателската мрежа Би-Би-Си, спротивно на медиумските регулативи и меѓународниот закон, преку своите локални соработници, се обиде да украде историски документи од официјалните архивски центри, објави иранската телевизија.

Би-Би-СИ се уште не ги коментираше тврдењата на иранската државна телевизија.

Иран и претходно ја обвинуваше британската медиумска мрежа дека е покритие за шпиони и дисиденти.

Програмата на Би-Би-Си на фарси нема дозвола за работа во Ирак, а работењето за британската мрежа е незаконско. Би-Би-Си тврди дека Техеран го спречува емитувањето на програмата во Иран.

Велика Британија нема дипломатски претставници во Техеран откако иранските екстремисти упаднаа во британската Амбасада во Техеран во 2011 година.

Би можело да ве интересира

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти, меѓу нив BBC, CNN, AFP

Во случајот со водителот на Би-Би-Си нема кривично дело, тврди лондонската полиција

Скандал во Би-Би-Си: Познат водител е манијак, го криеле неговото име додека не проговори неговата сопруга

Би-би-си го повлече Гери Линекер од програма поради твит против владата

Би-Би-Си за несреќата кај Киев: Летањето на мала височина помага да се избегнат ракети, но носи ризици и е исклучително стресно за пилотите

А1он

Би-Би-Си го осуди апсењето на својот новинар, кој известуваше за демонстрациите во Шангај

А1он