Ирачкото разузнавање открило заговор на џихадистичката Исламска држава за напади во блиска иднина во метрата во Париз и во САД, изјви денеска ирачкиот премиер Хајдер ал Абади.
На средба со новинари во кулоарите на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Абади изјави дека бил известен за терористичките намери денеска од Багдад.
Заговорот бил дело на странски припадници на Исламска држава во Ирак. Тој додаде дека САД биле информирани за заканата.