Индиец тврди дека живее без храна и вода дури 74 години

Од:

Осумдесет и шестгодишниот Индиец, Прахлад Јани кој живее во пештерата Амба тврди дека веќе 74 години живее без храна и вода.

Како што пишува „Spirit Science and metaphysics“, тој вели дека во потрага по духовна мистерија, го напуштил својот дом на седум години, а на 11 добил благослов од божицата Амба.

Тврди дека од тогаш живее без храна и вода и дека се одржува со помош на нектар кој се филтрира преку неговиот јазик.

Екипа од 30 научници му направиле низа болнички тестови и со помош на камери утврдиле дека навистина ништо не јаде и не пие во пештерата. Лекарите се потполно изненадени, бидејќи Јани не изгледа дека е исцрпен.

-Веруваме дека неговото тело како резултат на медитациите и јогата во потполно природно опкружување, биолошки се трансформирало-велат лекарите.

Е. Г.

 

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ