Осумнаесетгодишното момче Харис Аслам, кој на 13 години го напуштил училиштето, има можност да го откупи најголемиот дистрибутерски ланец во Британија „Nisa Retail“, каде што веќе е член на управниот одбор.
Харис го напуштил училиштето за да работи во семејната пиљарница, а многу лесно може да се најде на лидерското место на компанијата која снабдува повеќе од 2.500 продавници ширум Велика Британија.
Тој се надева дека ќе се најде на местото извршен директор, поради начинот на гласање во компанијата. Имено високите функционери ги избираат стотина членови и акционери во компанијата. На одборот на „Nisa Retail“ се придружил пред три години , заедно со својот роднина Раза Рахман.
-На почеток бев во конкуренција со уште тројца кандидати, повозрасни и многу поискусни, но сепак членовите ме избраа мене и тоа со апсолутно мнозинство – вели Харис.
Ова момче покрај работата во компанијата студира на Универзитетот Аберти во шкотксиот град Данди.
Е. Г.