Бразилци при пловење низ реката Санта Марија наишле на џиновска анаконда и решиле да се поиграат со неа.
Змијата била толку страшна што жената која била на чамецот, непрекинато врескала од страв.
Но, овие луѓе не побегнале од змијата, туку продолжиле да ја бркаат обидувајќи се да ја фатат, во што на крајот делумно успеале.
Но имале среќа што анакондата само што завршила со обилниот ручек, па само сакала да избега од нив.
На крајот, тројцата Бразилци добиле казна од 600 долари поради вознемирување на животинскиот свет.