Експерти по судска медицина идентификувале уште 14 жртви од несреќата на малезискиот авион во источниот дел на Малезија, со што вкупниот број на потврдените идентитети достигна 225 лица, соопшти денеска холандското Министерство за правда.
Од новоидентификуваните жртви, седум се Холанѓани, а седум се од друга националност, наведува холандското Министерство, потенцирајќи дека блиските на жртвите се информирани, но националноста на странските државјани не се соопштува по барање на нивните земји.
Малезискиот „Боинг 777“, кој леташе на релација Амстердам-Куала Лумпур, експлодира во воздухот на 17 јули, веројатно погоден со ракета при прелетувањето над источниот дел на Украина. Во авионот се наоѓаа 298 патници и членови на екипажот, од кои 193 холандски државјани.
Можно е некои од жртвите никогаш да не бидат идентификувани, бидејќи потрагата по човечки останки на местото на несреќата беше прекината поради борбите во овој дел меѓу украинската армија и проруските сепаратисти.