Петер Сијарто еќ биде нов унгарски министер за надворешни работи на местото Тибор Наврачич, кој е именуван за еврокомесар за образование.
Триесет и шестгодишниот Сијарто е поранешен портпарол на конзервативниот премиер Виктор Орбан и се смета за негов многу близок соработник.
Наврачич е поранешен министер за правда, кој на почетокот на ова лето стана шеф на унгарската дипломатија. Се претпоставува дека го очекува тензично сослушување пред Европскиот парламент за функцијата еврокомесар, откако изврши спорна реформа на судскиот систем во Унгарија.