Дуелот помеѓу Кашимпаша и Газиантепе муприпадна на домаќинот со резултат 3:0, а откако Уругваецот Пабло Пинтос го постигна последниот гол на натправарот, остана без дресот.
Пинтос прво дотрча до трибината, каде одвај го зачува дресот бидејќи навивачите сакаа да му го земат.
И така додека славеше со соиграчите на средина на теренот, еден млад навивач дотрча до него и го искористи моментот на радување за да му го грабне дресот. Младото момче почна да бега по теренот, а кога го стигна обезбедувањето, тој му го фрли дресот на другарот кој беше на трибините.
Откога сфатија дека овој обид за кражба нема да им се исплати, го вратија дресот на редарите кои потоа го облекоа напаѓачот на Кашимпаша.