Телевизиската екипа на „BBC“, која го истражувала убиството на рускиот војник во близина на границата со Украина, е нападната во градот Астракан, на југ на Русија.
Инцидентот се случил кога на новинарската екипа која што била во едно грчко кафуле, им се приближиле тројца агресивни лица, кои првин вербално се соочиле со нив, а потоа и физички ги нападнале. На снимателот му ја одзеле камерата од раце, го турнале на подот и неколку пати го удириле, камерата ја скршиле и бргу побегнале во автомобилот.
По нападот новинарската екипа поминала цели четири часа во полициска станица на распит, но тврдат дека за тоа време властите пребарувале во нивната опрема, која што била оставена во автомобилот.
-Сите податоци од хард дискот и неколку УСБ стикчиња се избришани-тврдат новинарите на „BBC“.
Телевизијата веднаш упати службено писмо до руските власти, во кое што бараат итна истрага.
Е. Г.