На тендерот за продажба на акциите на акциите на државата и на Фондот за пензиско осигурување во ОХИС не е доставена ниту една понуда
Ниту едно од четирите друштва што подигнаа тендерска документација не доставиле понуда во зададениот рок кој истекува денеска, соопшти Министерствотот за економија.
„Во врска со следните чекори за решавање на статусот на ОХИС, Министерството за економија претходно ќе ја информира Владата од каде се очекува да се добијат натамошни насоки по однос на ова прашање. Министерството за економија заедно со Владата останува цврсто на ставот за изнаоѓање трајно решение за постигнување целосна реформа на друштвото, стратешко партнерство со инвеститор, а се со цел негово натамошно успешно деловно работење“, стои во соопштението.