Во Мароко беше разбиена келија која учествувала во врбување борци за џихадистичката група „Исламска држава“ за Сирија и Ирак.
Министерството за внатрешни работи на Мароко соопшти дека таа била раководена од наставник во основно училиште. Уапсени се вкупно седум лица.
Мароканската полиција веќе разби неколку други мрежи за врбување во изминатите неколку месеци.