Во Германија пет лица се обвинети за помагање на Исламската држава

Од:

Државното Јавно обвинителство во Карлсруе денеска поднесе обвинение против пет лица, од кои едното е државјанин на Косово, за помагање на терористичката организација Исламска држава.

Тие се обвинети дека преку различни канали во периодот од 2020 до 2022 година собрале повеќе од 250.000 евра и ги доставиле парите на припадниците на Исламската држава (ИД) во Сирија, кои ги искористиле парите за купување на членови на ИД од курдско заробеништво.

Обвинението е покренато против три жени и двајца мажи, од кои едниот Кујтим Б. е косовски државјанин. Останатите обвинети имаат германско или двојно германско-мароканско државјанство. Сите обвинети се во притвор од крајот на мај. Во акцијата на крајот на мај беа уапсени уште две лица и истрагата против нив се уште трае.

Според Канцеларијата за заштита на уставниот поредок за 2022 година, во Германија има 27.480 луѓе за кои се верува дека припаѓаат на ИД.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис