Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

Од:

Терористичката Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот вчера вечерта во германскиот град Солинген, кога напаѓач уби три лица, а рани уште осум со нож, пренесува Ројтерс.

Според Билд, германските истражители ја проверуваат оваа информација.

Претходно денеска германски „Велт“ објави полициски извештај, повикувајќи се на очевидци, кои рекоа дека напаѓачот за време на крвавата гозба извикувал „Алаху Акбар“ и дека често ја посетувал локалната џамија во Солинген.

По напаѓачот сè уште се трага, а германската полиција денеска соопшти дека во врска со нападот на фестивалот во Солинген е уапсен 15-годишен тинејџер.

Од полицијата на прес-конференцијата изјавија дека има индиции дека напаѓачот ги избодел жртвите со нож, најмногу во пределот на вратот.

„По евалуацијата на првите слики, претпоставуваме дека станува збор за многу насочен напад во вратот“, рече директорот на полицијата Торстен Флеис на прес-конференција.

Сомневањата се дека тинејџерот однапред знаел за нападот, но не пријавил во полиција, пренесува Билд.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени