„Дело“: Наместо српско-хрватски, сега словенечко-хрватски јазик

Од:

Постои впечаток дека хрватскиот јазик презема се повеќе зборови од словенечкиот и оти се оддалечува од српскиот јазик, а експертите тврдат дека „таа импресија е интересна, но не е точна“, пишува љубљанскиот весник „Дело“.

– Не би кажала дека станува збор за приближување на хрватскиот јазик кон словенечкиот, а секако не за свесно приближување, туку за повисок степен на свест за заедничкото јазично богатство, вели Анита Пети Стантиќ, шеф на катедрата за словенечки јазик на Филозофскиот факултет во Загреб.

Таа за љубљанско „Дело“ појаснува дека „голем корупс зборови, кои имаат исто значење во современиот хрватски и словенечки јазик влечат свое потекло од периодот од 19. век, кога заедничката јазична историја е прекината со прифаќање на одредени идиоми врз основа на кои е нормиран хрватскиот јазик“.

Авторката на  Современиот словенечко-хрватски и хрватско-словенечки речник додава и дека тоа особено се однесува на времето кога тие два јазика паралелно се развивале и се засновале на заедничкиот кајкавски дијалект, се до воведувањето на штокавскиот дијалект како книжевен јазик во Хрватска.

Заедничката јазична историја на Хрватите и Словенците траела до 19. век, кога голем дел од Хрватска во рамки на Австро-Унгарија бил поповрзан со Словенија и тие имале повеќе меѓусебни контакти, како и заеднички вокабулар, кој подоцна потпаднал под влијание на српскиот јазик. Дел од тој корупс сега се врати во современиот хрватски јазик и оттука е можеби впечатокот за приближување кон словенечкиот, смета Пети-Стантиќ.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик