Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу денеска оцени дека Киев има целосна одговорност за трагедијата на малезискиот патнички авион во источниот дел на Украина.
– Несреќата се случила во воздушниот простор на Украина, која е целосно одговорна за него, истакна Шојгу во Москва на состанокот со малезискиот колега Хишамудин Хусеин.
Тој додаде дека несреќата на малезискиот авион можела да биде избегната доколку Украина не се одлучела за воено решение на своите проблеми.
Шојгу, исто така, нагласи дека руското Министерство за одбрана е подготвено да и помогне на Малезија во истрагата за уривање на авионот, а резултатите треба да бидат јавно објавени.