Што кога на тесно паркиралиште се најдат две неискусни возачки? Секоја од нив би сакала на своја страна, а која е таа страна, ни тие не се сигурни. Видео, кое го сними еден од станарите на зградата на чие паркиралиште оваа средба се случуваше, гарантира забава.
На девојките им требале речиси пет минути за успешно да се разминат, а иако едната од нив во текот на своите маневри очигледно изгребала трето возило кое стоело на паркиралиштето, остана „мртва ладна“. Со раката на крајот ги избриша трагите од бојата на другиот автомобил на својот и си замина.