Олимпискиот комитет на САД ги прогласи Мајкл Фелпс и Алисон феликс за најдобри спортисти во 2012 година.
Фелпс и Феликс до признанијата дојдоа благодарение на резултатите кои го постигнаа на Олимписките игри во Лондон.
Рекордерот по бројот на освоени олимписки медали, Мајкл Фелпс, по трет пат го понесе ова престижно признание. Фелпс, во Лондон, освои четири златни медали.
Феликс на олимпијадата освои три златни медали, на 200 метри и во штафетните трки на 4×100 и 4×400 метри.
За најдобар тим е прогласен женскиот осмерец.