Јолевски: Македонија е подготвена да биде полноправна членка на НАТО

Од:

Република Македонија ја гледа својата иднина во НАТО и e подготвена да ги преземе сите обврски и одговорности како полноправна членка на НАТО, истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски на состанокот на министри за одбрана посветен на Иницијативата за интероперативност во рамки на Самитот во Кардиф.

Тој додаде дека Република Македонија ќе продолжи да ги споделува вредностите на НАТО и останува целосно посветена за натамошен развој на националните интероперативни капацитети и способности за придонесување на идните мировни мисии предводени од НАТО.

Посочи дека денес Армијата на Република Македонија има сертифицирани единици за мисии предводени од НАТО алијансата на ниво на Средна пешадиска баталјонска група и лесна мобилна болница.

Како што соопшти Министерството за одбрана, пред самото отворање на Самитот се одржа прием за министрите за одбрана и надворешни работи од сите НАТО и партнерски земји.

Претходно на отварањето на Состанокот за Авганистан на кој учестуваа двајцата министри за одбрана и надворешни работи, Зоран Јолевски и Никола Поповски се одржа церемонија во чест на севкупниот придонес и пожртвуваност на војниците во Авганистан при што Република Македонија беше претставена со офицер-знаменосец на АРМ, капетан Александар Гаврилов.

На маргините на Самитот, министерот Јолевски оствари повеќе билатерални средби на кои се дискутираше за унапредување на соработката и покренување на нови иницијативи за продлабување на истата.

Би можело да ве интересира

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

„Продолжете да сонувате“: Шефот на НАТО вели дека Европа не може да се одбрани без помош од САД, особено од нуклеарен напад

Предраг Петровиќ

Фредериксен: НАТО нема мандат да преговара во име на Данска и Гренланд и за нашите односи

Горан Наумовски

Руте: Договорот со Трамп значи зајакнување на безбедноста на НАТО на Арктикот