Мајмун од покрив фрлаше пари на минувачите

Од:

Мајмун во индискиот град Шимли покрена вистински лов на богатство кога од покривот на една зграда почна да фрла пари што ги украл од претпоставениот кој се подготвувал да ги исплати неговите работници.

Минувачите во Шимли  виделе мајмун со пари на врвот од зграда во изградба каде се пикнал во потрага по храна која не ја нашол, па ги дофатил 10.000 рупии (130 евра) и почнал да бега.

– Излегов од блискиот храм и видов луѓето собираат пари кои летаат по воздухот.  Се придружив на масата и зграбив две банкноти од 100 рупии, раскажа еден жител за локалниот весник Амар Ујал.

Градежните работници попусто се обидувале да го фатат крадецот кој злобно ги расфрлал нивните тешко заработени пари. Речиси еден час траел ловот, затоа што мајмунот во меѓувреме од зградата скокнал на дрво и продолжил да ги дистрибуира туѓите пари.

Во Шимил, главен град на планинската држава Химачал Прадеш, живее голема популација мајмуни кои често ги злоставуваат туристите и жителите. Хиндуизмот многу ги цени мајмуните кои можат да бидат многу опасни, па знаат да уништат и градини и напаѓаат луѓе кои носат храна.

Индиската Влада затоа во Њу Делхи вработи 40 „луѓе-мајмуни“ кои ги имитираат мајмунските крикови и на тој начин ги одалечуваат приматите кога напаѓаат службени згради во потрага по храна.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ