Главниот град на Мадагаскар, Антананариво, деновиве е преплавен од скакулци. Огромни роеви од овие инсекти го помрачија небото над островот, оставајќи зад себе пустош.
Насадите со ориз и пченка се целосно уништени, а на островот се плашат дека тоа ќе има огромно влијание врз економијата, па дури и дека ќе доведе до глад.
Скакулците во текот на последните неколку години двојно се намножени поради неодлучноста на власта да се соочи со проблемот, во првите години по државниот удар од 2009 година.
Дури во 2012 година, Владата на Мадагаскар одлучи да почне со борбата против скакулците, а тогаш беше прогласена вонредна состојба, исто така, заради преплавување со овие инсекти.
И покрај почнувањето голема кампања со прскање со пестициди, тимовите на ОН и Владата на Мадагаскар не усепеаја да ја сузбијат наездата од скакулци.