Сатирата умира – ја убива интернетот

Од:

Заборавете ги автомобилите кои ги возите или алгоритмите на виртуелната реалност и нанотехнологијата, најновата иновација која ни доаѓа од Силиконската долина е аголна заграда. Фејсбук овие денови ја тестира ознаката за сатира, со која ќе се обележуваат лажни вести од познатите сатирични веб страници како што е Онион. Нема повеќе да морате да сметате на застарената технологија, како што е здрав разум за да сфатите дека насловот Корисниците на Фејсбук се неверојатно глупави, всушност е сатиричен, аголните загради тоа ќе го направат за вас.

Можеби треба да се истакне дека Фејсбук не ја воведува назнаката за сатира бидејќи мисли дека сите ние сме морони, туку повеќе поради тоа што ЗНАЕ дека сите ние сме морони. Од оваа социјална мрежа објаснуваат дека примиле барања од луѓе кои на тој начин сакаат полесно да ги разликуваат сатиричните текстови од останатите.

Некои од овие луѓе можеби се и новинари кои и самите наседнале на сатирични вести. На пример, Вашингтон пост еднаш ја преценил сатиричната вест дека Сара Палин, во помалку неверојатен пресврт во кариерата, почнала да работи за Ал Џезира. А англиското издание на кинескиот весник Чајна Пипл Дејли наседна на написот од Онион, прогласувајќи го Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун за најсексипилен маж на светот и искористувајќи го овој повод да прикажат галерија од 55 негови портрети, заедно со цитати од сатиричните вести на Онион. Иако, можно е и ова да беше сатира, сега повеќе не сум сигурна.

И во тоа всушност лежи проблемот. Интернетот стана толку чуден, толку презаситен со мачки и разни листи и квизови од Базфид, што тешко може да се препознае што е сериозно, а што шега.
На пример, се обложувам дека ќе ви биде тешко да го препознаете написот од Онион меѓу овие наслови:

• Возрасните Американци се поглупави од просечен човек
• Расте цената на лешниците, се зголемува загриженоста од недостиг на Нутела
• Совети за невооружени тинејџери црнци
• Сериски шверцер на пилиња фатен во Норвешка
• Дефинитивен доказ дека зелката е волшебник меѓу намирниците

Поентата на оваа внимателно составена листа е тоа дека често не можете да разликувате сатира од вистински вести на интернет. Постојат неколку причини за тоа. Првата е деловниот модел на интернетот. Луѓето не сакаат да плаќаат содржини на интернет, поради што интернетот се финансира од реклами. Маркетинг менаџерите ќе ви ја земат душата за своите долари, па производителите на содржини прибегнуваат наслови кои ќе бидат мамец за кликање и содржина која ќе се споделува, за да ја зачуваат душата и да земат долари од рекламите. Корисниците стануваат зависни од бесконечниот низ на таквите мамци.

Начинот на кој сме ги уновчиле дигиталните медиуми подразбира дека ни е поважна нагонската реакција од публиката во вид на кликање и делење на содржините, од тоа да ги наведеме на размислување. Вестите не смеат да бидат само вести; мора да бидат забава. И навистина, третиот закон за модерните медиуми налага со секоја умерено важна вест обавезно да се наведуваат најсмешните реакции на Твитер, обично во вид на галерија за да се добие максимален број на кликови.

Друг голем придонес на нераспознавање на сатирата даде нашето намалено внимание. Просечното траење на вниманието кај Американците во 2000 година било 12 секунди, додека во 2013 година е 8 секунди. Ова е помалку од просечен распон на вниманието на златна рипка 9 секунди.

Како што рекол порано Владимир Набоков: – Сатирата е лекција, а пародијата е игра.

Но, ако барем нешто сме научиле од интернетот тогаш тоа е дека сите повеќе ја сакаат играта од лекцијата. Проблемот е кај сатирата во ера на ограничено внимание и неограничена содржина е тоа што таа ве тера да застанете и да размислите. Таа ја прекинува брзината и едноставноста на кругот ќе видиш-ќе кликнеш-ќе споделиш, кој платформа како Фејсбук носи многу пари. Воведувајќи ја ознаката за сатира, Фејсбук помага да се елиминираат бескорисните секунди за размислување и со тоа на сите нас да ни го олесни животот.

Гардијан – Лондон

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ