Иако во денешно време на ваквите професии сме навикнале повеќе да ги гледаме мажите, низ историјата ситуацијата беше поинаква.
1. Компјутерско програмирање
Во светот на вебот, програмирањата и апликации во денешно време доминираат мажите, но малку кој знае дека за се она што тие денес го работат можат да заблагодарат на Ада Бајрон, грофицата од Ловелејс, која во 19-от век го напишала првиот компјутерски алгоритам. Но, не била таа единствената жена во самите почетоци на оваа бранша – шест жени кои биле познати под надимак „човечки компјутери“ одбработија поголем дел од програмирањата на еден од првите комјутери некогаш направени. Жените во оваа работа биле доминантни се до 50-тите години од минатиот век, кога при вработување почнало да се користи техника која им одела во прилог на мажите.
2. Пиварство
Пиењето пиво отсекогаш повеќе се врзувало за мажите. Кога има натпревар – во една рака е далечинскиот управувач, во другата пивото. Кога е лош ден – во раката е пивото. Кога е убав ден – во раката е пивото. Има ли нешто подбро од „пивце со момците“? Но сепак, низ историјата пивото главно „го готвеле“ жените. За тоа сведочат древните египетски хиероглифи, според кои правењето пиво било женска работа. Денес во таа инустрија работат само еден отсто жени.
3. Продукција на филмовите
Најсилната филмска индустрија, секако онаа американската, а токму во неа од 1916 – 1923 година највлијателни биле – жените. Тие, стотици ги надминале мажите во пишување сценарија, режија и продукција на филмовите. Во наведениот временски период, филмската индустрија била најплодна индустрија за жените во САД.
4. Тапанарство
Поголем број од денешните бендови за тапанар има мажи, но дали и отсекогаш било така? Прва забележана тапанарка била мезотопамската свештеничка Липупиа. Тапаните биле симбол на плодност и на жените им биле свети. Во текот на три илјади години во историјата на човештвото жените за време на верските ритуали свиреле на тапани. Сето тоа се променило кога Црквата на жените им забранила пеење и свирење за време на обредите.
5. Медицина
Многу жени во стариот Египет и стара Грција биле меѓу најценетите медицинари. Подоцна свештеничките лечеле луѓе и пронаоѓале нови лековити супстанци.