Малезиската полиција денеска ги предупреди странските работници дека мора да ги почитуваат законите на оваа држава или ќе се соочат со сурова и непоколеблива акција на полицијата.
Ова предупредување доаѓа по минатонделените протести на над 1.000 странски работници во една компанија за електронски производи. Странските работници се жалеле на лоши услови за работа во компанијата која произведува делови за неколку меѓународни гиганти во електрониката,а излегоа на протест од како еден работник почина поради тоа што вдишувал опасни хемикалии на работното место.
Полицијата со сила ги растури работниците што протестираа и уапси 42 од нив, најголем број дрѓавјани на Непал.
Со локалната адмнистрација во провинцијата Џохор Бару, која се граничи со Сингапур,, разговараа повеќе амбасадори од земјите чии жители се на работа во Малезија, но од полицијата добиле одговор дека апсењата и спречувањето на протестите се во рамките на правилата што ги предвидуваат малезиските закони.