И животните лажат: Панда глумела дека е бремена

Од:

Пандата Ал Хин, жител на Ченгду истражувачкиот центар во Кина, ги воодушеви своите чувари кога почнала да покажува симптоми на бременост.

Се движела помалку, а на почетокот дури и го изгубила апетитот. Со оглед на тоа дека само петтина од женските панди воопшто забременуваат, а на тој вид му се заканува изумирање, чуварите биле толку воодушевени што веќе подговиле и опрема за видео снимање на породувањето.

Меѓутоа, тестовите кои следиле покажаа дека пандата Аи Хин никогаш не била бремена, а експертите веруваат дека симптомите на бременост ги одглумила.

Ако и лажела, имала силна причина за тоа: бремените панди во тој центар добиваат соба само за себе, а им се дава и повеќе бамбус и овошје. Ву Кјонг, експерт за панди, рече дека тоа не е прв пат пандите да лажираат бременост.

– Некои паметни панди се користеле со тоа за да си го подобрат квалитетот на нивниот живот, рече тој.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он