Како да оставите добар прв впечаток за само девет секунди

Од:

На голем број луѓе им е многу важно како другите размислуваат за нив и во одредени ситуации сакаат да остават добар впечаток.

Првиот впечаток е исклучително важен – и во приватниот и во деловниот живот. Истражувањата покажуваат дека другите луѓе не’ проценуваат за само девет секунди и тој впечаток е основа за секое натамошно мислење за нас.

1. Поставете се како личност која има желба да им помогне на другите и ставете го тоа до знаење веднаш при првиот контакт.

2. Доколку не сте премногу љубезни и зборливи, тоа  не е проблем. Најважно е да бидете автентични. Немојте да глумите нешто што не сте, бидејќи тоа лесно ќе се почувствува. Бидете свои и разговарајте како и секогаш.

3. Кога станува збор за првиот впечаток, тогаш вашите прашања се поважни од одговорите. Тоа значи дека мора да го слушате соговорникот за да му поставите вистински прашања. Тој веднаш ќе се почувствува порелаксирано во ваше друштво.

4. Потрудете се да откриете за што размислува соговорникот и што му е моментално главна тема. Тоа секогаш можете до некаде да го предвидите, па затоа подгответе се за тоа. Ќе бидете добар соговорник и сигурно ќе придонесе за подобар прв впечаток за вас.

5. Бидете искрени и добродушни. На никого не му е едноставно да воспостави прв контакт – од првиот поглед до првото ракување. Секогаш постои страв дека тоа нема да помине добро. Победете го стравот и влезете во запознавањето со срце. Насмевнете се и покажете дека сте добар човек.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ