Шефот на малезиската антитерористичка бригада Ајоб Кан денеска во Куала Лумпур ги информираше медиумите дека е спречен заговор на група од 19 муслимански радикали, кои планирале проглаување на калифат, кој би се простирал на териториите на Малезија, Сингапур и дел од Филипиниуте и Индонезија.
Невообичаено, во групата што планирала заговор биле вклучени и две жени. Полицијата не соопштува повеќе поединости за учесниците во планираниот заговор, иако во медиумите се шпекулира дека се работи за постоечките радикални исламски групи кои оперираат во регионот, а средства обезбедуваат со киднапирање и уцени.
За да привлечат повеќе симпатизери, раководителиете на групата што планирала оснивање на калифатот имала план за подметнување на експлозив во кафулиња каде што се слуша странска музика, или се точи алкохол.
Знак за почетокна преземање на власта, според плановите, било кревањето во воздух на постројките на данската пиварница „ Карлсберг ’’ во близина на Куала Лумпур.
Според неофицијални информации идеите и парите на радикалната исламска група доаѓале од Либија и некои држави од Арапскиот полуостров. Во акциите требало да се вклучат и триесетина малезијци, неколку сингапурци и филипинци кои веќе се бореле во Ирак.