Зависна од убава гардероба

Од:

Лиса Харман (25), вработена како секретарка, има четири полни плакари со гардероба, а повеќето никогаш не ја облекла. Но, таа и натаму купува бидејќи не може да ја скроти својата страст. Сака секогаш да биде во тренд и да ги има сите најнови модни додатоци.

Таа е толку зависна, што еднаш по пат на Интернет нарачала куп облека, кога вечерта се вратила  дома пијана од излегување. Со количината купена гардероба го зазема поголемиот дел од четворособниот стан, во кој живее со сестрата близначка, мајката и очувот.

Секојдневно оди во шопинг, и досега потрошила повеќе од 50 илјади фунти, а поседува дури осум кредитни картички. Три четвртини од заработените пари троши исклучиво на модни додатоци. Неверојатно, но досега не била во долгови, бидејќи сите свои исплати ги следи по пат на посебен систем на архивирање, пренесува Дејли меил.

Лиса изјави дека во моментов нема момче, бидејќи после некое време на сите им здосадува нејзината зависност. Бара маж кој сака да троши на облека токму како неа, но досега не го пронашла. – Мажите не ја разбираат мојата љубов кон облеката. Во раните фази на врската одат со мене во шопинг и стрпливо чекаат додека пробувам облека. Но, по некое време, тоа не можат веќе да го поднесат, дополнува Лиса.

Освен што ги водела со себе во шопинг, им порачувала што мораат да и купат, а дури сакала и тие да се облекуваат слично. Нејзината сестра близначка Кирсти и останатиот дел од семејството сметаат дека нејзината зависност е надвор од контрола. Се надеваат дека што побрзо ќе престане да ги троши сите свои пари на облека. Но Лиса вели дека нема намера да престане да купува олку облека, бидејќи сама си ги заработува парите и може да ги потроши на она што сака. Смета дека постојат и полоши начини на кои тие пари би можела да ги потроши.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ