Една стара поговорка вели дека боите се насмевки на природата, а во секојдневниот живот нивната енергија може да се искористи за повеќе аспекти.
Според истражувачите Ендрју Елиот и Маркус Мејер, всушност постојат малку емпириски истражувања за влијанието на боите врз психолошките функции на човекот, пишува списанието „Сенса“.
Најпрактични се оние чии резултати лицето може да ги искористи во секојдневниот живот.
Експертите предлагаат за намалување на апетитот да користите црвена чинија, бидејќи според студијата објавена во магазинот „Апетит“ во 2012, лицата редовно јадат помали количини кога храната е послужена во црвени чинии, за разлика од кога таа е сервирана во бела или сина чинија. Едно од толкувањата е дека црвената боја ја поистоветуваме со знакот „стоп“, па таа не спречува во прекумерното јадење.
За потребите на едно истражување објавено во списанието „Enviromental Science & Technology“ тестирани се велосипедисти, кои за време на возењето гледале видео во кое се прелеваат различни бои. Во зелената околина, тие својот физички напор го доживувале како многу помал отколку нивните колеги кои гледале само сивило.
Што се однесува на работниот простор, експертите сметаат дека треба да се разубави со сина боја.
Истражувањето на Универзитетот Британска Колумбија во Ванкувер покажа дека луѓето кои користат компјутери со сина позадина доаѓаат до покреативни деловни идеи заштоа што сината боја се поврзува со отвореност и спокој.