Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се победници на осмото издание на меморијалниот турнир „Мирза Делибашиќ“, кој изминатите два дена се играше во Сараево.
МЗТ во финалниот меч, убедливо со 89:62 го победи домаќинот на турнирот тимот на Босна.
Кејд Дејвис со 25 поени беше најефикасен во редовите на МЗТ, а двоцифрене ефект имаа уште Урош Николиќ 24 и Ѓорѓи Чековски 12 поени.
Центарот на МЗТ Николиќ ја доби наградата за најкорисен играч на турнирот.