Еден њујоршки угостител забележал дека на неговите гости сега им е потребно двојно повеќе време за да го завршат својот оброк. Кога ќе им се принесе храната на маса, прво ќе ја сликаат, потоа ќе ја објават фотографијата на некоја од социјалните страни, па дури тогаш почнуваат да ја конзумираат.
Таквата навика лошо влијае на неговото работење, бидејќи гостите седат двојно подолго, а трошат помалку пари. На крајот, тоа предизвикува проблеми и на прехранбените компании.
Неименуваниот сопственик на компанија во Сохо, во својот ретсоран поставил надзорни камери за да процени колку време гостите минуваат јадејќи го својот оброк.
Резултатите се малку загрижувачки. Во 2004 година, на гостите во просек им требало околу осум минути да изберат што ќе јадат, еден час да го изедат тоа и да ја платат сметката. Но, во 2014 година, и пред отворањето на менито, гостите ги земаат своите мобилни телефони и се обидуваат да се спојат со ви-фи на ресторанот и потребно им е околу 21 минута за да нарачаат јадење. Речиси половина од гостите ќе го замолат келнерот да ги фотографира, а просечното времетраење на оброкот изнесува дури еден час и 55 минути.
Речиси една третина од гостите ги посетуваат социјалните мрежи додека ручаат во рестораните, а петтина од оние кои тоа не го прават сметаат дека рестораните подобро би заработувале и би имале повеќе гости доколку во рестораните се забрани користењето на паметни телефони.
Џо Стили, претседател на управата на Буктејбл, вели дека мобилните телефони сега се клучни делови од нашиот социјален и професионален живот и оти е секогаш интересно да се види раздорот меѓу гостите кои се фрустрирани поради постојаното користење на мобилни телефони и оние кои сакаат да откриваат нови места и занимливости, токму по пат на социјалните мрежи.